„Петровден 2023 Мешеишта“: Волино пресилен за Слатино, минималец за Брумел, Вис Пој со голема победа!

Синоќа беа одиграни нови три натпревари од групата фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.

Првиот натпревар започна во стандарниот термин во 20:30 часот, гледачите уживаа во убедливата победа на Волино, кој со 0:3 ја доби Слатино во големото дерби.

Еден час подоцна Брумел со минимални 1:0 го доби дуелот со БЗ Група Ложани, а пак во последниот натпревар од 22:30, гледачите уживаа во пет одлични погодоци, во фудбалска мајсторија, во големата неизвесноста и борба за трите бодови, на крај Вис Пој со 3:2 славеше голема победа над Гостилница кај Мече.

Вечерва следуваат нови три натпревари. Од 20:30 часот Бомбаши ќе игра против БЗ Груп Враништа, еден час подоцна Алуминиумски огради Охрид Струга ќе се соочи со Еко Шпар, а пак во последниот меч од 22:30 часот Камионски делови Бос ќе игра со екипата на Шумско Галичица.