
Генерацијата деца родени 2011 година а членови на Академијата Постолов Пандев се подготвуваат за Могила купот кој ќе се одржи овој викнед. Социјализирање, едукација и пред сѐ дружба се најважни за децата овој период, вели тренерот Борче Посотолов. Додава дека преку вакви турнири децата од најмала возраст се запознаваат со фудбалскиот пат кој го одат понатаму.
„Сега моментално ни е план во петок со генерација дечиња родени 2011 година ќе одиме на Могила куп. Пред сѐ мислам дека за овие деца е резултатот ни е секогаш во втор план, одмие да се социјализираме, да се едуцираме, да се дружат за да децата го сватат тој фудбалски пат преку турнирите.“ – вели Постолов.
Активности и тренинзи има во текот на целото лето, а се тренира на стадионот во населба Баби. Постолов вели дека интересот од страна на дечињата е задоволителен, и апелира до родителите да ги учат децата од најмали да спортуваат со цел да стекнат здрави навики.
„Тренираме цел летен распуст тука на стадионот во Бабите, имаме некои активности, тренираме повеќе од забавен карактер и се подготвуваме за натпревари во детската лига. Секој ден имаме активности овде со дечињата. Интересот е доста добар, тренираме… “ – додава Постолов.
Академијата Посотолов Пандев има членови од најмала возраст кои понатаму тренираат и прераснуваат во професионалци. Постолов посочува дека тренираат и неколку девојчиња и од големо значење е да се развива и женскиот фидбал во градот.
Академија Постолов Пандев во Штип е фелијала на Академија Пандев од Струмица. Своите почетоци ги бележат од пред 11 години, а активно тренираат околу 70 до 80 дечиња. Највозрасната група се деца родени 2010 година, а најмладите членови се родени во 2017 година.
Лаура Стојанова М-Нет