Штипјанецот Дејан Митров по 16 пат се закити со титулата Државен првак на Македонија

Штипјанецот Дејан Митров по 16 пат се закити со титулата Државен првак на Македонија во борење. На државното првенство за сениори на Македонија во борење кое се одржа во Кочани, Митров издвои четири победи од исто толку борби, во категорија до 86 килограми. Ова за него преставува голем успех, потенцира пред камерите на М-Нет телевизија додавајќи дека годините се само бројка кога се има желба за добар резултат.

„Јас настапив во категорија до 86 килограми, има четири борби, за моја среќа успеав сите четири да ги добијам. Како најтешка и најнеизвесна борба ќе ја издвојат финалната со Адам, ама успеав да го победам и да ја добија 16 титула Државен првак на Македонија. Ова за мене е голем успех и се покажува и докажува дека годините се само бројка доколку се води режим на спортски живот.“ – вели Митров.

Во моментот се подготвуваат за Меѓународниот турнир „Македоснки бисер“ кој ќе се одржи викендов во салата Јордан Мијалков во Штип. За сега учествто пријавиле клубови од десетина држави, а подготовките до петок навечер ќе се реализираат во Кочани. Според календарот на актувности Митров посочи дека важно е Светското првенство во борење ќе се одржи во месец септември, а потоа и подготовките за Олимпијада.

„Подготовките се според календарскиот распоред, имаме базични подготовки кои веќе се зад нас. Пред нас е техничко – тактичкиот дел каде ги анализираме нашите противници и акцентот го ставаме во спетрември каде во Белград ќе се одржи првенството на светот. Ова е доста значајно за нас оти првите четири директно ќе се пласираат на Олимпијадата„ – додава Митров.

Борачите на БК Балканец на Државното првенство за сениори во Кочани освоија четири први, три втори и три трети места. Во екипен пласман БК Балканец го освои второто место.

Митров во денешната прилика ги повика сите љубители на спортот, пред се на борењето викендот да бидат дел од Меѓународниот турнир кој ќе се одржи во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет