Ментор Мазрекај ново засилување за Струга, шампионот закажа неколку пријателски средби

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум се засили со Ментор Мазрекај, искусниот офанзивен играч за врска покрај Охридското Езеро доаѓа од Косово.

Мазрекај е првото летно засилување, а во својата кариера 34-годишниот има настапувано за Лачи, Приштина, Партизани, Феризај, Корику, како и во Норвешка за екипата на Фортуна Осло.

Косовскиот фудбалер ќе биде големо засилување за Струга, која веќе ги започна подготовките за историскиот настап во квалификациите од Лигата на шампиони.

Струга веќе закажа и неколку пријателски натпревари преку кои момците на Штепим Дуро ќе ја темпираат формата.

На 23. јуни во Охрид екипата на Струга ќе се тестира со шампионот на Косово, екипата на Балкани, потоа следува тест со шампионот на Албанија, екипата на Партизани за 30. јуни, а пак генералката пред европските настапи ќе биде против Тирана, меч кој ќе се одигра на 5. јули во Поградец.