ОФИЦИЈАЛНО: Захов на голот на Шкендија уште две година

Костадин Захов кој важи за еден од најдобрите голмани во Првата македонска фудбалска лига ја продолжува соработката со Шкендија за нови две години, па така тој ќе остане во Тетово најмалку до јуни 2025 година.

Некогашниот шампион на Македонија не го менува голманот, кој е еден од најдобрите во последната деценија во Првата македонска фудбалска лига, а потврда за успешната соработка е тоа што истата е продолжена на нови две години.

По седум години во дресот на Шкендија, Захов беше блиску да направи трансфер во Скендербеу, но 35-годишниот голманот од Струмица ја одби понудата на албанскиот клуб и останува во Тетово и во следните две години.