Песните на „Бјело Дугме“ ќе се слушнат во Штип во изведба на трибјут бендот „Бело Копче“

Прв целовечерен концерт на бендот „Бело Копче“ трибјут на „Бијело Дугме“ во Штип. В сабота на штипскиот базен ќе се слушнат песните на познатата музичка група, во преработка на македонскиот бенд, кој е проект во кој се вклучени повеќе лица, меѓу кои сценографи и костимографи чија задача е најблиску да го доловат стилот и изгледот. За изведбата вклучени се десетина членови кои се во улога на познатите пејачи и музичари.

„Јас се надевам дека целиот регион околу Штип ќе дојде во сабота на концертот. Ќе ги свириме песните од Бело дугме. Повеќето од песните ни се од поодамна каде што пеач е Жељко Бебек, ама ќе ги свириме и поновите кои се од Тифа и од Ален. Ние веќе постоиме некаде две – три години ама кризата која се случи не укочи малку, така да сега ова ни е што се вели прв период каде што почнуваме со настапи. Првиот вака поголем концерт ќе ни биде во Штип“, вели Стефче Грозданов.

Балканската популарна музичка група од македонскиот трибјут бенд „Бело Копче“ се реинкарнираше со снимањето на песните во НУ-ЦК „Ацо Шопов“, кое траеше долго, а започна уште во 2021 година.

„Повеќето млади ги слушаат песните од Ален на крај Бебек. Ама процентуално има и од младата попучација која го обожава Бебек. Што се однесува до старосната граница би требало повеќето да бидат од 30 години па нагоре, ама знам дека и младите се љубители на Бело дугме“, додава Зоран Рудан – Цеки.

Членовите на „Бело Копче“ се надеваат дека резултатот ќе биде визит карта за убаво претставување пред заинтересираната публика и дека песните ќе се пејат во еден глас в сабота.

Ребека Спасова М-Нет