Враништа 2023: АСП Пак ќе ја предизвикува Фасада Чајник, Бел Мерцедес против Камионски Делови БОСС

Утре ќе биде одиграно големото полуфинале на еден од најголемите и најдобро организирани турнир во мал фудбал „Враништа 2023“.

Познати се веќе екипите кои ќе играат во големото полуфинале, откако четвртфиналето преку многу возбуда донесе и изненадувања.

Бел Мерцедес беше подобар од Гостилница кај Мече со 3:1, а пак Камионски Делови БОСС И Дербрца Експрес одиграа 0:0 во регулниот дел, додека пак во пенал-рулетот БОСС беше подобар со 3:1.

АСП Пак одигра 1:1 против Ресторан Разбој во регуларниот дел, а во полуфиналето стигна преку пенал-лотаријата каде со 3:4 го доби противникот, додека пак Фасада Чајник по регуларните 0:0 со БИЗИ Груп Враништа, беше подобар противник во пенал-рулетот со 4:2.

Дури три натпревари се решаваа преку пенал-лотаријата, па така АСП Пак, Фасада Чајник, Бел Мерцедес и Камионски Делови БОСС ќе водат голема борба на теренот во струшко Враништа за пласман во големото финале.

По двата слободни денови, веќе утре со почеток од 20:30 часот Бел Мерцедес ќе игра против Камионски Делови БОСС, а пак АСПК Пак против Фасада Чајник еден час подоцна, односно од 21:30 часот.