Првите работници од Индија веќе работат во фарма во Свети Николе

Во фарма во Свети Николе веќе има работници од Индија. Нискоквалификувани се вели Ангел Димитров ама сопственикот на фармата е задоволен од нивната работа. Ова како пракса да се увезуваат работници од странство ќе биде се почесто застапено во државата дециден е Димитров, додавајќи дека во градежништвото оддамна има работници кои се увезени од странство.

„Има нешто во земјоделие, кај нас во млечната индуструја има дојдено од Индија, во градежништво оддамна има. Мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, оти има агенции кои сакаат да се занимаваат со тоа. Работниците во Свети Николе се ниско квалификувани, работат на фарма и плус во млекарата и споственикот е многу задоволен од работниците.“ – вели Димитров.

Кога е во прашање текстилната индуструја спред Димитров за три до четири години и овде ќе работа работници од Непал на пример. Ова се должи на фактот што во нашата држава има доста невработени ама тие не сакаат да работат во гранки како што се градежништво земјодели или текстил. На овој начин државата е се поназад споредбено со државите во регионот дециден е Димитров.

„Јас мислам за три до четири години ќе стане тоа реалност, оти голем број работници одат во пензија а замена од млади работници немаме. Факт е дека Македонија нема работна сила. Ние имаме фиктивен број ан невработени луѓе кои во суштина не сакаат да работат, особено не во гранки како што е земјоделието, градежништвото, текстилот итн. Ние назадуваме во одонос на државите во околината “ – додава Димитров.

Според Димитров треба да се работи на Законите за вработување во државата за да може да се увезуваат странски работници кои ќе работат сезонски ама не на црно. На тој начин тие ќе плаќаат придонеси во нашата држава и тоа ќе влијае позитивно.