
Пикадо, шах, табла, домино кочанските пензионери во повеќе дисциплини се подготвуваат за Регионалните игри кои наредниот месец ќе се одржат во Делчево. Во салата на пензионерскиот клуб се бираат најдобрите екипи во овие дисциплини кои на 8 наредниот месец ќе го преставуваат кочанското здружение на пензионери во Делчево.
„Денес во салата на пензионерскиот клуб се одржуваат повеќе пензионерски дисциплини меѓу кои пикадо, шах, табла и домино. На овие натпревари ќе се изврши селекција на екипи кои ќе настапат на Регионални игри во Делчево“ – вели Цветанов.
Освен во салата на пензионерскиот клуб, активности се спроведоа и во спортската сала во Кочани. Таму пензионерите трчаа, играа фудбал и кошарка, фрлаа ѓуле. Според коориднаторот Цветанов заинтересираност има доволно и радува фактот што овој број од година во година расте.

„Во салата на Никола Карев се одржуваат игрите кошарка, фудбал, влечење јаже, фрлање ѓуле, трчање мажи и жени. Има интерес како секоја година така и оваа. Можам да констатирам дека нашите екипи постигнуваат врвни резултати на натпреварувањата.“ додава Цветанов.
Цветанов додаде дека во изминатите години кочаснките пензионери од ваквите игри се враќале со медали, па се надева дека идентично ќе биде и годинава.
Лаура Стојанова М-Нет