30 денари првиот и по 30 денари секој нареден час – Штип се приклучува во хуманитарно зонско паркирање

Општина Штип и ЈП Стипион се вклучуваат во хуманитарна акција за зонско паркирање. Тоа значи дека 131 паркинг места на неколку локации во централното градско подрачје ќе бидат хуманитарни, и ќе се плаќаат 30 денари првиот и секој нареден час. Овде нема да важат повластени картички.

„Зоната Х опфаќа 131 паркинг место, на улица „Васил Главинов“ од мостот кај црквата до мостот кај гимназијата 13 места, улица „Васил Главинов“ наспротив ОУ „Ванчо Прке“ – 14 места. Платформата кај Трговскиот центат, платформата кај Здравниот дом по 48 места, кај аргачот три паркинг места“ – вели

Ова на седница на Совет денеска ги крена на нозе советниците од власта и опозицијата. За едни неприфатливо покачување на цените на паркинг услугата, за други пак начин да се реши проблемот со паркирањето во градот и иствремено хуманитарно да се делува.

„Треба да биде отворена таа акција, трева да постои почеток и крај, да биде со валиден период. Ова од ваша страна е толку многу паушално, граѓаните има како да донираат, ова не е доброволно, ова е присилно“ – вели Поповска.

„Во делот на популизмот колешке вие сте шампион. Ова е популизам што се случува сега на оваа точка од дневниот ред.“ – врати Иванов.

20% од средствта од зонското хуманитарно паркирање во центарот на градот ќе бидат наменети за хуманитарни акции, а они кои донираат се граѓаните кои во иднина ќе се паркираат на обележаните паркинг места.

Лаура Стојанова М-Нет