
Неискосената трева на улица Партизанска во Штип, опасност за тамошните граѓани. Револтирани велат дека тревата треба под итно да се искоси, бидејќи стравуваат за сопствените животи и животот на нивните деца. На терен вработени од ЈП Исар имало, ама само за маска како што додаваат граѓаните. Искосена е тревата покрај пристпаниот пат, но не и наоколу.
„Што е ова, змии ќе не изедат, доаѓаат само за гласање. Трева има по едно метро, реагиравме и до директорот и до градоначалникот, велат дека проблемот е што не можат да постигнат секаде, имало многу работа, ова на терен е само маска.“ – велат граѓаните.
Во близина на нивните домови се наоѓа и Основното училиште „Тошо Арсов“, жителите велат деца постојано минуваат од овде, а одговорност за тревата не презема никој.
„Нека дојдат нека ја окосат тревата, имаме мали деца. Јас реагирав кажав му дај ја машината на мене, ти седи, не ја дава“ – додаваат граѓаните.

Дали и кога ќе се искоси тревата на улицата Партизанска го прашавме и новиот директор на ЈП Исар, Кирил Зајков. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека е направен план и сите меса во опшината во зависност од временските услови, во наредните десетина дена ќе бидат искосени.
Лаура Стојанова М-Нет