Наредната недела Кочани ќе биде епицентар на случувањата, подготвоките за ДАФ при крај

При крај се подготовките за 60. издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Наредната цела недела е предвидено да има активности во текот на денот и навечер со што публиката ќе може целосно да ужива. На 22 мај со почеток во 20 часот со преставата Синиот портокал и официјално се отвора и овогодинешното издание на фестивалот во Кочани. Наградите на 28 мај ќе бидат доделени, а селектор годинава е Игор Џамбазов.

„Подготовките за 60. издание на ДАФ се веќе при крај. Веќе го имаме репертоарот за оваа година. Фестивалот ни почнува од 22 мај до 28 мај. Отворањето е на 22 мај во понеделник во 20 часот со преставата „Синиот портокал“ од Велес, потоа следуваат нашите гости од повеќе градови од држават и странство, фестивалот ќе има интересни престави затоа што имавме интересна селекција, имавме пријавено 18 престави од кои 12 влегоа на листата за 8. награди. Оваа година селектор ни е Игор Џамбазов, имаме тричлено жири кое ќе одлучи за наградите кои ќе се доделат на 28 мај. “ – вели Атанасова – Арсова.

Детски престави преку текот на денот и по две вечерни престави секој ден се предвидени наредната недела додека трае ДАФ во Кочани. Според Атанасова – Арсова публиката ќе може да ужива во преставите, и во сите закажани активности.

„Од понеделник од 12 часот имаме прес конференција, во 20 часот е отворањето. Во вторник почнуваме со дневни и вечерни престави, што значи дека дневни престави имаме во 12 часот односно детски престави секој ден и од 19 и од 21:30 имаме вечерни престави. Фестивалот ќе ги удостои гледачите со по три престави во текот на денот“ – додава Атанасова – Арсова.

Наредната недела Кочани е епицентарот на случувањата, па Арсова упати покана до сите граѓани од градот, регионот, но и цел држава да го посетат Кочани и да бидат дел од 60. издание на ДАФ.

Лаура Стојанова М-Нет