Одржан хуманитарниот турнир во фудбал и баскет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Штип

„Преку спортот да се обединиме и да ја покажеме нашата неизмерна хуманост“ беше пораката која Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесе преку денешниот турнир организиран на игралиштето во населбата Дузлак. Настанот е важен од два аспекта, вели претседателот, Иван Коцев, прво подигање на свеста за хуманост, а второ промовирање на здрави навики.

„Денес Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира хуманитарен турнир во фудбал и баскет под мотот „Биди хуман, биди УМС“ на реконструираното игралиште во населба Дузлак сѐ со цел собирање донации за помош на оние на коишто ќе им биде најпотребно, а воедно и подигање на свеста кај младите за спортски навики“, вели Иван Коцев, претседател на Унијата на млади сили – Штип.

Донациите се во парични средства, а присутните донираа кој колку може. Каде ќе заминат собраните средства, дополнително ќе се одлучува. За победниците на натпреварите, пак, беа обезбедени и симболични награди.

Ребека Спасова М-Нет