
Околу 600 граѓани до крајот на годината ќе може да се вработат во новата фабрика за автомобили во ТИР зоната во Штип. Со нето просечна плата од 850 евра се овозможува оставрување на едно од основните човекови права, а тоа е пристојна живеачка за граѓаните од Штип, но и целиот Источен регион.
„600 наши сограѓани од Штип и од целиот регион за некаде година дена, можеби и помалку ќе почнат да го користат едно од основните човекови права на работа, со плата од 850 евра која очекуваме да се достигне во наредните години. Можеме преку посветена работа да донесеме пристојна живечка, конкретен бенифит за нашите граѓани“ – вели Деспостовски.
Станува збор за инвестиција од околу 400 илјади евра, која ќе произведува автомобили за повеќе европски градови.
„Оваа инвестиција е од околу 400 илјади евра и новата фаброла ќе произведува автомобилски простапи за голем број градови.“ – вели Креспи.
На денешниот настан се обрати и премиерот Ковачевски кој истакна дека е задоволен од и горд што оваа фирма за своја дестинација ја избра нашата држава.
„Станува збор за една од најголемите компании, производители во автомобилскиот свет со 65 годишно искуство, која се протега во 22 држави. Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајните големи инвестиции ос светски реномирани компании кои ја одбираат нашата држава како нивна дестинација“ – вели Ковачевски.
Ова е втора инвестиција на фирмата Магна Интернационал во Македонија. Првата се отвори во Струга.
Лаура Стојанова М-Нет