Дигитализација на македонскиот речник е иднината на самиот јазик, вели Деребеј од Штип

„Дигиталниот речник на македонскиот јазик – перспективи и можности за истражување“ – беше темата на насатанот кој денеска се релаизираше во Тренинг центарот во Штип при УГД. Дигитализацијата на македонскиот речник е една од придобивки за нашата држава посочи на денешната средба рекоторот Дејан Мираковски. Потенцираше дека ваквиот речник во иднина треба почесто да се користи, бидејќи нуди голем број придобивки кои граѓаните од државата и странство може да ги користат.

„Се надевам дека со заедничка соработка ќе успеат да направат, да овозможат да имаме поголема употреба и збогатување на нашиот македонски јазик и во дигиталниот свет, оти тоа навистина ќе биде важно во периодот кој следи. Се надевам дека ќе имаме можност овој дигитален речник да го користиме во многу повеќе продукти во новото време за разлика од досега“ – вели Мираковски.

Со помош на дигитализација еден јазик станува достапен на секаде потенцираше денеска Деребеј. Вели дека проектот кој пред неколку години започна за дигитализација на македонскиот речник е од големо значење и има огромна улога во секојдневието, но и во самата иднина.

„Дигитализцијата е иднината на еден јазик затоа што јазикот го прави достапен на секаде. Пред неколку години почнавме со дигитализација на стари речници. Јас како бивш штипјанец сакам да направам нешто и за нашиот град и ми е многу драго што дојдовме до вакава соработка.“ – додава Деребеј.

За дигитализација на македонскиот речник и реализација на проекотот биле вклучени околу 50 луѓе, а првата верзија излезе во 2009 година. Деребеј вели дека моментално четири лица го одржуваат дигиталниот речник кој според него има висок квалитет.

VF

Лаура Стојанова М-Нет