
Делчево денеска беше домаќин на Државното првенство во училишен женски ракомет. Силите на терен си ги измерија ракомтарките од СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола, „Методи Митевски Брицо“ од Делчево и „Никола Карев“ од Скопје. Со ваквите настанми во Делчево продолжува да се негува спортот, особено ракометот со кој градот доминира.
„Јас веќе најавив дрка навистина Делчево е прекрасно место каде што спортот се негува, особено училишниот спорт. Традицијата продолжува, во ракометот посебно Делчево доминира на државно ниво. Тоа беше и еден основен критериум да домаќин на Државното првенство биде овде кај вас. Најдобрите ракометарки се тука дојдени и се надевам дека овој прекрасен амбиент ќе биде прав спортски настан.“ – вели Туфекчиевски.
Трите екипи играа по три натпревари за да се знае конечниот победник на натпреварот. Битолчани заминаа од Делчево со пехар за прво место, домаќините го освоија второто место, а ракометарките од Скопје се пласираа на третото место. За победниците следува и учество на ичилиштен спортски камп.
„Играат секој се секој, тој што ќе победи два натпревари е првак. Ако случајно има поклопување, гол разликата ќе одлучи кој ќе биде прв, втор и трет. Има обезбедено и пехари и дипломи и најдобрите од овде ракометарки на крајот од учебната година ќе учествуваат на училишен спортски камп кој е сериозно поддржан од државата како и од Агенција за млади и спорт.“ – додава Туфекчиевски.

Домаќините задоволни и од организацијата и од самата игра на ракометарките од Делчево. Ова е по вторпат да се најдат на врото место во ракомет, иднентично како и претходната година.
На државното првеството освен ракомет, настанот беше збогатен со забавна програма на која усчество зедеоа Културно уметничкото друштво Никола Јонко Вапцаров и Гоце Делчев, како и шестоодделениците од Основното училиште Свети Климент Охридски од Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет