За купувачите евтин пазар во Штип – производите со намалени цени, за продавачите неисплатливи

Производите за летна салата, како краставица и домат, и денеска беа најбарани на градскиот пазар во Штип и тоа по нешто пониска цена од минатиот петок. Краставиците се продаваа и по цена од 30 до 50 денари, а доматот е сè уште двојно поскап и се движи помеѓу 90 и 120 денари. Продавачите велат дека домашно производство веќе има доволно, па најавуваат и дополнително намалување на цените за следниот петок.

За купувачите целите се реални, иако некои сметаат дека може уште да се намалат, ама за продавачите не се исплатливи. Сепак, согласни се во тоа дека проблемот е во примањата, односно дека треба да се покачат платите и пензиите.

Инаку, мерката за ограничување на цените на овошјето и зеленчукот е продолжена за еден месец, односно до 31 мај. Ограничувањето е до 95 денари за килограм свежи домати и килограм свежи краставици, а до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки. Меѓутоа, на дел од производите опфатени со мерката цените се далеку под границата.

Ребека Спасова М-Нет