
Околу 100 првачиња е очекувањата бројка на новозапишани во централната и двете подрачни згради на ООУ „Гоце Делчев“. Традиционално бројката е најголема во централното училиште, додека, пак, во двете подрачни училишта нема се очекува да се запишат повеќе од осум ученика. И додека Три чешми и Шашаварлија, каде се наоѓаат подрачните училишта, дефинитивно ги губат децата, ваква состојба се забележува и во Штип, бидејќи бројката во годините наназад редовно е помала од очекуваното, вели в.д. директорот, Зоран Митев. Главната причина е иселувањето на семејствата.
„Оваа учебна година очекуваме да го исполниме максимумот на три паралелки по 30 деца, значи околу 90 ученици во централното училиште и имаме четири ученика коишто треба да се запишат во подрачното училиште во Три чешми и уште четири ученика коишто треба да се запишат во подрачното училиште во с. Шашаварлија. Очекуваме бројка од околу 100 ученика коишто треба да ги запишеме во следната учебна година“, истакна директорот, Зоран Митев.
Митев ги повикува родителите да ги запишат своите деца во ООУ „Гоце Делчев“, кое на идните првачиња им нуди квалитетна настава и успешен кадар, кој ќе им помогне да се изградат како ученици и индивидуи.
„На идните првачиња им нудиме квалитетна настава, чисти и опремени училници, квалитетен кадар којшто ќе им помогне да се изградат како солидни, како здрави личности коишто ќе бидат способни да се соочат со предизвиците коишто ги очекуваат понатаму, во понатамошното образование“, додаде Митев.
Во однос на бројките, во училиштето „Ванчо Прќе“, како најголемо, се очекува да се запишат 144 ученика, а по него е училиштето „Димитар Влахов“, каде очекуваниот број на првачиња е 124.
Ребека Спасова М-Нет