
Утре е отворен ден за посета на спомен собата на Киро Глигоров, во Мултимедијалниот центар во Штип кој го носи неговото име. По повод роденденот на Глогоров, граѓаните може да ја посетат спомен собата и да се запознаат преку фотографии, предмети, експонати со личниот и професионален живот на Глигоров.
„ Ја продолжуваме таа трдиција, утре е отворен ден на спомен собата на Глигоров и ќе дојдат има веќе најавено и организирани посети ама и граѓани кои по сопствена инцијатива ќе доат да ја посетат спомен собата. Ние во рамките на тоа ќе им понудиме да може да ја погледнат изложбата од фотографии кои го отсликуваат животот на Глигоров, од неговото раѓање, школување, учеството во НОБ, во СФРЈ, сведоштво од двата мандати на претседателот Глигоров, како и фотографии од неговиот личен живот“ – вели Панајотов.
Панајотов во оваа прилика истакнува дека голем дел од граѓаните не се запознаени со ликот и делот на Глигоров, па посетата на спомен собата пружа вистинска можност сите заинтересирани да го сторат тоа утре. Споделувајќи сведоштва од времето на Глигоров, Панајотов потенцира дека станува збор за една скромна личност за која вреди да се научи нешто плус.

„Во суштина претседателот Глигоров беше многу скромна личност. Тој не истакнуваше некои работи кои навистина биле важни, значајни чекори кои ги преземал и како функционер, но и како човек. Лично задоволство ми е што имав прилика да допрам до документи кои многу малку се знаат од јавноста за Глигоров и тука неговата скромност доаѓа до израз“ – додава Панајотов.
Панајотов ги повика граѓаните, поединечно или организирано да ја посетат спомен собата на Глигоров која утре е отворена. Додава дека оваа соба може да се посети и секој работен ден од понделник до петок.
Лаура Стојанова М-Нет