Покачен притисок и температура, Брзата помош во Штип со голем број интервенции за продолжениот викенд

Нов продолжен празничен викенд и повторно полни раце работа за екипата на Итната медицинска помош во Штип. Интервенции на терен, дневни прегледи се регистрирани над 200. Началникот на Итната помош Штип, Деан Манов, во телефонски разговор за М-Нет телевизија вели дека најчесто граѓаните барале помош за покачена телесна температура, крвен притиоск и хронични заболување.

„И овој празничен викенд во Итната медицинска помош во Штип имавме полни раце работа. Интервенции имавме 53, а амбулантски прегледи 202. Најчесто пациентите бараа помош за покачен крвен притисок, покачена телесна температура, пациенти имаше со проблеми со желудник, некои пациенти се јавија поради хронични болки. Во поглед на интервенциите беа исто така со слична проблематика, а меѓу нив беше и интервенцијата која за жал се случи во близина на Караорман“ – вели Манов.

Единствен факт кој радува е дека за продолжениот празничен викенд немало регистрирано пациенти кои побарале помош заради прекумерно консумирање на алкохол.

„Пациенти со проблеми со желудник се јавија да, па можно е да било поради зголемена консумација на храна. Алкохолизирани лица не се забележале“ – додава Манов.

И претходниот продолжен празничен викенд за големиот христијански празник Велигден, сликата на Брзата помош во Штип беше речиси иденетична кога се во прашање прегледите и интервенциите. И тогаш немаше пациенти кои претерале со храна и алкохол.

Лаура Стојанова М-Нет