СДСМ Штип: Асфатлтирани улиците во Автокоманда! О. Штип: Зошто не асфалтираа кога беа на власт?

И покрај опструкциите и неспособноста на Локалната власт за навремено завршување на подземната инсталација, кончено улиците во штипска Автокоманда целосно се завршуваат, констатираа денеска на прес-конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека во завршна фаза се улиците „Браќа Даневи“, „Петти конгрес“ и „Солидарност“ и тоа благодарение на централната власт.

„Централната власт преку Министерството за транспорт и врски во Општина Штип има вложено во проекти, износ за кој би биле потребни 40 буџети на Општината. Како едно од поважните инфраструктурни проекти кои се во завршна фаза се и улиците во населбата Автокоманда. Комплетно се реконструираат и асфалтираат улиците „Браќа Даневи“, „Петти конгрес“ и „Солидарност“ во вредност од речиси 30 милиони денари. И покрај опструкциите и неспособноста на Локалната власт за навремено завршување на подземната инсталација, конечно овие улици целосно се завршуваат и се во функција. Со ваква поддршка од централната власт, градоначалникот Јорданов треба да биде благодарен оти негова работа останува само да успее да органзиира редовно снабдување со чиста вода и оддржување на хигиена, како и осветлување на градот.“ – потенцираа од ОО на СДСМ Штип.

На ова од Општината истакнаа дека СДСМ и понатаму продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Прашуваат зошто проблемите на граѓаните не се решени кога тие биле на власт.

„СДС и покрај тоа што остави долгови и неисплатени кредити во јавните претпријатија во износ од 5 милиони евра, без малку срам продолжува со лаги и манипулации. За волја на вистината, ги прашуваме зошто кога имаа свои градоначалници не направија ништо за граѓаните од наведените улици,ниту пак имаа слух за решавање на нивните проблеми ?! Локалната самоуправа и покрај сите препреки ќе продолжи со реализација на проекти од суштинско значење за граѓаните на Општина Штип.“ – велат од општината.

Улиците во населба Автокоманда беа долго време неасфалтирани, а причините зошто постојано се префрлуваа на вина на локалната и централната власт.

Лаура Стојанова М-Нет