Објавен повик за избор на млад вокал кој ќе ја преставува државата на фестивал во Словенија

Објавен повик за сите млади талентирани деца и младинци кои знаат да пеат, за избор на преставник на нашата држава на фестивал во Словенија. Аудициите се закажани на 13 мај во сабота во Дом на култура „Ацо Шопов“ – Штип каде што ќе се изврши изборот и ќе се одлучи кој ќе биде преставникот од регионот и за нашата држава.

„Имаме чест да објавиме еден повик до сите талентирани деца кои знаат да пеат на 13 мај во сабота ќе започна аудиции кои ќе бидат подготовки за едно убаво издание за наш преставник во една држава“ – вели Трајков.

Право на учество имаат сите деца, младинци од 14 до 17 години. Пријавата може да се оствари во периодот до 13 мај директно во Дом на култура како и лично кај Роберто Поп Димитров. Ова е за првпат македонски вокал да се престави на овој релативно млад фестивал во Словенија и е од големо значење. Учесниците може да бидат од сите градови во државата.

„Се работи за фестивал во Словенија. Со моето последно гостување во Словенија направив соработка со фестивал. Фестивалот е за млади таленти, ние сме во категорија од 14 до 17 години. Очекуваме да се пријават млади таленти, вокали и на крај ќе одбереме преставник кој ќе ја престави нашата држава во август на Фестивалот во Словенија.“ – додава Поп Димитров.

На повикот се очекува да се пријават голем број вокали од Штип, регионот и државата, а изборот ќе го направи комисија на 13 мај во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет