
Вардар Неготино продолжува да „гази“ во Третата лига – Југ, откако денес со високи 0:5 ја декласираше Слога на гостински терен, па на три кола до крајот неготинци се пред пласман во баражот и борба за влез во Втората македонска фудбалска лига.
Петар Ристовски ја „искина“ мрежата на противникот, откако постигна хет-трик во второто полувреме, а во првиот дел Ѓорѓи Шишков во 3. минута постигна гол за 0:1 на полувреме. Еден гол беше на дело на Петар Најдов постигнат во 70. минута.
Ланскиот второлигаш Локомотива на домашниот терен во Градско преку пресврт во второто полувреме славеше над Бучин со 2:1. Гостите имаа водство со голот на Нешковски од 4. минута, а во вториот дел Шабаноски во 55. минута погоди за 1:1, а Петров во 61. минута за конечни 2:1.
Росоман со 3:1 го доби дуелот со Големо Коњари на домашен терен. Некогашниот второлигаш на полувреме имаше водство од 1:0 со гол на Стошиќ. На стартот од вториот дел Андреевски погоди за 1:1, а до крајот Миловановиќ и Јованов погодија за 3:1.
Питу Гули убедливо го доби мечот со Марена на домашен терен со 4:0. Хет-трик постигна Беким Алимоски, а еден гол беше дело на Ѓорѓи Стрезовски.
Обршани на домашен терен доживеа пораз од Превалец со 0:3. Филип Драскачев погоди уште во 9. минута од натпреварот за 0:1. Неизвесноста за трите бодови траеше дури до 80. минута кога Сашко Кочов погоди за 0:2, а Ѓивко Ѓоргиевски во 89. за конечни 0:3.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
