
Околу 40 негови и речиси уште толку семејства пчели кои бегаат во природата се во семејството на штипјaнецот Трајчо, кој се грижи за нив и произведува ливадски и шумски мед. Вели на 30 километри од Штип, пределот е чист, нема народ, па затоа е најпогоден за одгледување на пчели и производство на квалитетен мед. Од неговите 40 пчелни семејства произведува околу 500 килограми мед годишно.
„Пчелите ми се во Црешка долу, таму фаќам пчели, што им бегаат на другите пчелари, доаѓаат таму кај нас бидејќи таму е дивина, 30 километри нема население, жив човек нема. Јас вртам околу 40 семејства“ – вели Огњанов.
Огњанов веќе 50 години се занимава со пчеларството и производство на мед. Вели дека му преставува хоби, бидејќи тој е пензионер. Не е доволно да се збогатиш додава пред камерите на М-Нет телевизија, ама за еден скромен живот има.
„Јас сум пензионер, кој чува повеќе исплатливо, јас од медот живеам. Јас сум пчелар 50 години, произведувам само мед, не вадам пропллис.“ – додава Огњанов.
Медот и ливадскиот и шумскиот се продаваат по цена од 500 денари за една тегла. Огњанов вели дека ова е реална за него и прифатлива цена за граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет