
Лозарите со пониска цена за откуп на грозјето, оризопроизводители без вода повторно ќе доцна со сеидбата на белото злато, проблемите стари – решение нема. Маката денеска на едно место ги собра сточарите, лозарите, оризопрпизводителите и сите земјоделци и се органзираше Национална земјоделска мрежа. Целта единствена да се вклучат индивидуалните земјоделци во носењето одлуки, стратегии на Министерството за земјоделие.
„Основна цел ќе биде застапување и едукација на земјоделците, однонсо ќе бараме според Законот за земјоделие да бидеме признаени како соци економски партнер во министерството за земјоделие и да бидеме активни чинители во процесот на одлучување, донесување различни стратегии, мерки, субвенции, поддршка за земјоделците“ – вели Каракашев.
За проблемите кои стојат со години мора да се најде излез, согласни се земјоделците. Лозарите на пример бараат ветената цена за отку на грозјето да се исполни, за да има исплативост во производството на грозје.
„Лозарите се соочуваат со најлоши проблеми кои постојат до сега во лозарството. Еве ќе земеме личен пример, лани се родија 110 милиони килограми грозје. Од тоа Владата сама си донесе некоја цена на чинење 13 денари, а требаше да се откупува по 17 денари.“ – вели Ѓошев.
Оризарите од кочанско посочуваат дека вода за сеидба на оризот веќе треба да се пушти за да не доцнат со сеидба и оваа година. Посочуваат дека треба да се најде излез од тешката ситуација за да не се излегува повтроно на протест.
„Не е почнато затоа што нема се уште пуштено вода во оризвите површини, дел се подготвени, дел не и повторно ќе доцниме со сеидбата. Ние како земјоделци се соочуваме и со други проблеми, она што го бараме не го добиваме и затоа има штрајкови“ – вели Максимов.
Денешната средба беше организирана во Облешево, а на истата присуствуваа преставници од повеќе региони од државата. Во мрежата членови ќе бидат само индивидуални земјоделци кои ќе ги бараат своите права без мешање на политика.
Лаура Стојанова