Љубов, хармонија, мир и радост потребни за достоинствена празнична трпеза, согласни штипјани

Љубов, хармонија, мир и радост се најпотребни за една празнична трпеза. Граѓаните на терен во Штип велат не е се во храната за да се подготви една убава празнична трпеза. Понекогаш е доволно само да се собере целото семејство на исто место и да се прослави празникот.

Кога е во прашање јадењето анкетираните граѓани се согласни дека пари за месо на трпезите нема. Некои од нив велат едвај купиле килограм – два јагнешко или свинско, друг дел пак додаваат дека наместо месо ќе подготват нешто друго. Согласно примањата се прават и последните подготовки за велигденската трпеза.

„Па најнормално денеска е денот што треба полека да се земе. Заиси од ситуацијата, најпрво од џебот па потоа другото. Најнормално, најпрво јајцата, потоа јагнешко кој може да си купе, кој си има повеќе финасии. Цената на јагнешкото е над 500 денари.“ – велат граѓаните.

Јагнешкото месо во последните денови пред празниците достигна цена од 400 до речиси 600 денари за килограм, а нешто поевтино е свинското месо.

Лаура Стојанова М-Нет