
Рано пред изгрејсонце домаќинките ги вапсаа првите јајца за големиот христијански празник Велигден. Со ова практично започнаа и најголемите и последни подготовки за славењето на празникот. Со стари обичаи и адети, прво во црвена боја, со позитивни мисли, и молитва за здравје, среќа и бериќет во годината анкетираните штипјанки велат дека се подготвуваат за празникот на христовото воскресение.
„Адетот е кој колку има, на оваа сиромаштија кој колку има толку ќе фарба. Адетот е пред изгрејсонце рано наутро се фарбаат и ќе има до Спасовден.“
Според запишаното во Евангелието, на Велики четврток започнува подготовката за тајна вечера. Велики четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот и денес настанало предавството на Јуда.
Исус Христос бил пронајден и уапсен ѝѝ по Тајната вечера ноќта меѓу Велики четврток и Великпеток. Ноќта Христос бил мачен и камшикуван за на крајот да биде изведен пред Пилат, римскиот намесник за Јудеја. Тој најпрвин изјавува дека не наоѓа никаква вина за која би можел да го осуди Христос. На Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес по 2000 години, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”.
Лаура Стојанова М-Нет