
Последен пазар пред големиот христијански празник Велигден во Кочани. Раздвиженост имаше уште утринава, а продавачите прогнозираа дека гужва и шпиц, побарувачка ќе има во текот на целиот ден. Цените според нив останале исти како лани, но не го оправдуваат замрзнувањето и одмразнување на цените на овошјето и зеленчукот од страна на Влада. Најпобарувано и денеска остана сезонското овошје и зеленчук.
„Еднаш е Велигден. Располагаме со голема палета од градинарски производи, произведени по највисоки еко стандарди. Цените кои се важен сегмент, замрзнувањето и одмрзнувањето е кокетирање на државата, цените наши се нормални, некои се речиси како минатата година“ – велат продавачите.
За купувачите кои рано изутрина излегле да пазаруваат промена во цените речиси и да нема. Велат доматот, краставицата и пиперот и покрај замрзнатите цени сѐ уште се високи и едвај достапни за џебот на граѓаните.
Според стари обичаи и адети пред Велигден се купуваат и земјени производи, па истите и денеска беа достапни на пазрот во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет