„Бел штрајк“ кај работниците се почеста појава со покачувањето на минималните плати, дециден е Ивановски

Работникот работи ама не го дава својот максимум, мотивацијата паѓа или според економскиот речник во фиримите доаѓа до бел штрајк. Ова е резултат на зголемување на минималната плата, но не и линеарното покачуање на сите останати плати. Како што посочи економистот Глигор Ивановски, ваквата слика во државата е сѐ почеста бидејќи се случуваат апсурдни примери во кои најниската плата во една фирма со покачувањето на минималната плата ја надминува пример плата на благајникот.

“Примерот со зголемувањето на минималната плата. Тоа е една популистичка мерка бидејќи ние сакаме да кажеме од 20 илјади не може да има пониска плата. Но, што правиме со соодносите на платите во одредена фирма. Имаме апсурдни ситуации да најниската плата ја преминува платата на благајникот во некоја фирма. Мотивацијата опаѓа кај луѓето, ние во економијата тоа го викаме бел штрајк. Работникот работи ама не работи. Тој работи формално, не се ангажира доволно, не го дава ефектот кој го давал порано или што се очекува од него“ – вели Ивановски.

Посочува дека расте и износот кој ја формира потрошувачката кошница, а со денешните примања на граѓаните најголем дел од парите се трошат за храна. Додава дека со ваквите примања и цени не може нешто важно да се промени во државата.

„Расте износот на парични средства што ја формира таа потрошувачка кошница. Сѐ повеќе ни требаат парични средства за да ги задоволиме најнеопходните потреби пред сѐ од храна. Сите знаеме дека кај нас со овие ниски примања можебо 60 до 70% од приходот на едно семејство оди за трошоци за исхрана. Со овие примања пак ќе кажам не можеме да очекуваме нешто важно да се примени, држават сака да каже дека со ниската продуктивнос која ја имаме во економијата не може да ги зголемиме платите во доволна мера за да може да се намали тој процен на трошоците“ – вели Ивановски.

Ивановски е дециден дека ако фирмите сакаат да се спречи таканаречениот бел штрајк од страна на вработените треба да растат сите плати линеарно за да не се почувствува незадоволство кај одредени вработени.

Лаура Стојанова М-Нет