
Три лица од Истокот загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Сообраќајна несреќа се случила ноќеска во близина на италјанскиот град Ница Монферато, а во истата освен тројцата македонци загаинало уште едно лице од Италија. Настанаот утринава го потврдија и од МНР.
„Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, виничко. Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.“ – стои во соопштението од МНР.
Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата. – додаваат од МНР.
Инаку, во сообраќајната несреќа дошло до судир на две возила, при што тројцата Македонци патувале заедно, а момчето од Асти било само во автомобилот.
Увид и истрага на местото на несреќата направила италијанската сообраќајна полиција, која потврдила дека дошло до силен директен судир, при што нема преживеани.
Лаура Стојанова М-Нет