Брегалница продолжува да „гази“ – победа над „лавовите“ од Ѓорче, Шкупи ја „торпедираше“ Победа со ШЕСТКА среде Прилеп

26-тата рунда од Првата македонска фудбалска лига донесе многу погодоци во Прилеп, голем бод за Скопје и чисти мрежи во Струмица и Кавадарци.

Лидерот Струга Трим Љум имаше незгодно гостување на „Железарница“ во Автокоманда, каде со минимални 0:1 славеа над Скопје со голот на Бесарт Ибраими.

Стружани под водство на Шпетим Дуро не знае за пораз и продолжува успешно да оди кон прва историска титула во ПМФЛ, а откако обезбеди и финале во Купот на Македонија, Струга е на добар пат за двојна историска титула.

„Пиратите“ во вториот дел имаа притисок со цел да дојдат барем до реми, имаа неколку квалитетни шанси, но немаше реализација на истите. Скопје не ги искористи и прекините кои беа околу од идеална далечина и позиција за директен шут кон противничкиот голман, но на крај од тоа немаше ништо опасно по голот на Струга.

И гостинот имаше неколку шанси кои не ги реализираше, па казната стигна преку деби-голот на Мусинга кој погоди за 1:1. Израмнувањето на резултатот беше очекувано, со оглед на фактот што Скопје во вториот дел беше подобар во однос на првите 45 минути, особено по доминацијата во средината од теренот.

Сепак на крај натпреварот заврши со можеме да кажеме невкусни сцени.

Дербито во Штип го доби Брегалница која со минимални 2:1 славеше над Македонија Ѓорче Петров. „Сините“ под водство на Горан Здравков доминира во Првата македонска фудбалска лига и има далеку подобри резултати во однос на есенскиот дел.

Во Штип мрежите мируваа во првите 45 минути, а во вториот дел Брегалница стигна до водство со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев, кој по една нафрлена топка од Дарко Додев, успеа убаво да ја зафати топката и да ја стресе мрежата на Стевковски за 1:0 во 51. минута од мечот. Ваквиот гол предизвика голема радост кај домашната публика и кај верната „Фаланга“, која на секој меч дава голема поддршка на Брегалница.

Откако веќе беше скршен отпорот на „лавовите“, Брегалница веќе во 64. минута ја дуплираше предноста на 2:0 со голот на Иван Николовски. Топката во казнениот простор на Македонија ЃП ја нафрли Алтипармаковски, истата стигна до Додев, кој успешно ја префрли до Николовски, кој само прецизно ја смести топката во мрежата на гостите од Ѓорче.

Во судиското надополнување Вукашин Јовковиќ постигна гол за конечни 2:1.

Во Струмица се соочија екипите на Академија Пандев и Работнички, меч кој беше повеќе од важен и за двете екипи, особено за домашниот тим, кој сака да направи поголема бодовна разлика во однос на Скопје и бараж местото, со цел да има сигурен и директен опстанок во фудбалската елита на Македонија.

На СЦ „Пандев“ мрежите мируваа (0:0), па можеби реми беше и најреален исход, а „пандевци“ можеби и нема да бидат толку задоволни бидејќи Скопје успеа да извлече голем бод од дуелот со Струга, па бодовната разлика останува од три бодови, а тоа значи дека струмичани и понатаму немаат сигурен опстанок во ПМФЛ.

Во Кавадарци се одигра дерби меч помеѓу ривалите Тиквеш и Силекс, овој меч беше клучен за гостите од Кратово, кои сакаат европска „виза“, откако остана без финале во Купот на Македонија, а пак Тиквеш на овој меч атакуваше на позитивен резултат, бидејќи на последните пет натпревари немаше триумф.

На Градскиот стадион во Кавадарци мрежите мируваа во текот на сите 90 минути, па двете екипи мораа да се задоволат со поделба на бодовите, откако ремизираа играјќи 0:0. Тиквеш и понатаму останува без победа на последните пет натпревари, а Силекс ќе има дополнителен предизвик до крајот од сезоната да заврши на местата кои водат во Европа.

Во Прилеп сосека очекуван беше големиот триумф на Шкупи, кој со убедливи 0:6 ја декласираше Победа и пополека ја испраќа назад кон Втора лига.

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Припеп, актуелниот шампион немаше посериозни проблеми за да стигне до убедливата победа.

На полувреме „гулабите“ имаат предност од 0:1 со автоголот на Оливер Стоименовски. Во вториот дел за само девет минути Шкупи постигна три гола, откако Реналдо беше двоен стрелец, а гол постигна и Адетуњи за 0:4. Во 71. минута Алварез постигна гол за високи 0:5, а по девет минути игра Тофилоски капитулираше по шести пат, откако Данфа постигна гол за предност од убедливи 0:6, a воедно тоа беше и конечниот резултат.