17 случаи на Ковид-19 во Штип во последното деноноќие

Во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

  • Скопје 46
  • Kуманово 19
  • Штип 17
  • Прилеп 1
  • Тетово 16
  • Струга 7
  • Велес 3
  • Битола 1
  • Охрид 5
  • Гостивар 6
  • Кочани 1
  • Делчево 1
  • Неготино 2

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.

  • Прилеп 2
  • Тетово 1
  • Велес 4
  • Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.