
Од денеска не смее да се продава кромид поскап од 60 денари за килограм, краствици од 75 денари и домати поскапи од 70 денари за килограм, стапува на сила одлуката на Влада за замрзнување на цените на 11 производи. Причина за ваквата одлука на Влада е големата маржа која трговиците ја ставале на производите, а тоа директоно удирало врз грбот на граѓаните.
На терен штипјани се задоволни од фактот дека дел од овошјето и зеленчукот ќе бидат со намалени цени, ама согласни се дека одлуката е задоцнета.
Ваквата мерка ќе важи до крајот на месец април, и во марктите и на пазарите. Од државниот пазарен инспекторат истакнаа дека контролите на терен ќе бидат зголемени и за секое непочитување на мерката ќе следи казна. До сега се направени повеќе од 1800 инспекциски контроли и се изречени глоби во висина од над 2.5 милиони денари.
Лаура стојанова М-Нет