
Падна цената на краставицата и доматот, а пониска за разлика од претходниот петок е и цената на зелката. Овој пазарен ден со исто скапа и висока цена остана стариот кромид, велат продавачите. Поголем дел од нив се задоволни од раздвиженоста и побарувачката, но за цените не ветуваат дека ќе останат вака намалени.
„Цените паѓаат ама побарувачката гледам има послабо народ, а повеќе роба. Падна цената и на краставичките. Стариот кромид е скап оти е увозен, не е наш.
За купувачите и денеска пазарот беше делумно скап, но тоа според нив е заради ниските примања ги имаат. Новото покачување на пензиите не се чувствувало па велат една глава кромид ја делат на половина за да имаат за две јадења.

Зеленчукот и сезонското овошје денеска беа најбарани на пазарот во Штип, а за сега нема највени промени во цените за наредниот петок.
Лаура Стојанова М-Нет