
Се запали автомобил на „Радански пат“ во Штип. Утринава околу 11 часот возилото се запалило, но настанот помина само со материјална штета. Возилото се запалило додека се возело, а случајни минувачи настанот го пријавиле во ТППЕ Штип. Од таму веднаш излегоа на лицеместо и за кратко време возилото беше изгаснато. Се интервенираше со едно возило и четири пожарникари. Командирот Дарко Коцев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека горел само предниот ден од возилото, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.
Лаура Стојанова М-Нет