Низа награди за БК Балканец – Штип на Државно првенство и Меѓународен турнир

Три први места, три втори и четири трети места на Државното првенство во Радовиш и прво, трето и петто место на Меѓународен турнир во Бугарија за борачите на БК Балканец од Штип. Државното изборно првенство за младинци се одржа во Радовиш, а на истото на првото место застанаа Андреј Трајчов во категоријата 92 килограми, Теодор Ѓорѓиев во категоријата 125 килограми и Марија Цветанова во категоријата 57 килограми. Со второ место се закитија Јован Атанасов во категорија 61 килограми, Дарио Димитров во категоријата 74 килограми и Христијан Коцев во категоријата 97 килограми, а со трето место Стојанче Стојков во категоријата 57 килограми, Стефан Стојков во категоријата 61 килограм, Дамјан Смилков во категоријата 65 килограми и Дарио Ѓеорѓиев во категоријата 125 килограми.

На силниот Меѓународен турнир во Стара Загора, Република Бугарија првото место го освои Марио Ананиев, Зоран Шоров го освои третото место, а на петтото место застана Јован Стефанов. Екипата ја предводел тренерот Мијалче Ананиев.

Ребека Спасова М-Нет