Ќерими ќе им суди на Башкими и Куманово, Никодиноски на Еуромилк и БВК Коњаре

Викендот се играат натпреварите од 19. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север. Колото ќе биде отворено утре со два натпревари, а ќе биде затворено в недела со останатите шест натпревари.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум третолигашки дуели, а часот за старт на натпреварите е подолу.

САБОТА:

15:00 часот: Аеродром – Кадино, Борче Павловиќ (Скопје)
15:00 часот: Башкими – Куманово, Бењамин Ќерими (Скопје)

НЕДЕЛА:

16:00 часот: Илинден – Фортуна, Марио Стојчевски (Скопје)
11:00 часот: Маџари Солидарснот – Раштак, Дејан Младеновски (Скопје)
16:00 часот: Башкими Љуботен – Петровец, Слободан Боцевски (Скопје)
16:00 часот: Волково – Беса Влазрими, Бобан Јовановски (Скопје)
16:00 часот: Риниа 98 – ССК Нова, Никола Костенчев (Скопје)
16:00 часот: Еуромилк ГЛ – БВК Коњаре, Иле Никодиноски (Скопје)