Одбележан јубилеј 10 години од впишувањето на Четрсе како нематеријално културно наследство на УНЕСКО

Оваа година се одбележаа 10 гтодини јубулеј од впишувањето на Четрсе како прво нематеријално културно наследство на листата на УНЕСКО. Од 2013 година до денеска во континитет се негува брендот, заштитен знак за градот Штип и штипјани, обичајот за Четрсе.

„Денес сме горди, 10 години славиме јубилеј од впишувањето на првото нематеријално културно наследство од нашата држава кое се најде на листата на УНЕСКО. Не знам колку градот Штип и самите штипјани се свесни за ова што значи да се има тој бренд, како Охрид што го има за културното наследство, Штип го има своето духовно наследство искачувањето на ридот Исар“ – вели Малинов.

Македонско, штипско, а веќе светско, Штип ја има привилегијата да биде носител на на светско нематеријално добро, а граѓаните знаат како да го негуваат и без учество на институциите.

„Вие имате привилегија да бидете еден од градовите кои се носители на свестко нематеријално добро, покрај тоа што припаѓа на Штип и на Макеонија“ – вели Стојкова Серафимовака.

Со искачување до Исарот и посета на црквата, традицијата ја продолжи и првиот човек на град Штип, Иван Јорданов.

„Ја продолжуваме традицијата со тоа што традиционално ќе се искачиме на Исарот. Благодарност до професорите кои се имаат лично вложено во аплицирањето и впишувањето на Четрсе во УНЕСКО.“ – додава Јорданов.

Четрсе е едно од петте нематеријални културни наследства во Македонија кои се впишани на листата на УНЕСКО.

Лаура Стојанова М-Нет