Се грижат ли граѓаните за нивното орално здравје? – стоматолозите советуваат редовни контроли

Редовно одење на стоматолог или само кога ќе се почувствува болка. Вака стоматолозите ја оценуваат грижата на луѓето за оралното здравје на Светскиот на оралното здравје. Д-р Моника Кашуба, општ стоматолог, посочува дека кај помладите генерации свеста е на повисоко ниво, но вели дека мора да се имаат предвид редовните контроли на шест месеца и истите воопшто да не се избегнуваат.

„Колку се грижат – тоа е релативно, затоа што имаме група на граѓани кои многу и не се грижат, но имаме и група на граѓани кои редовно доаѓаат на контроли, на шест месеца. Пример, за шест месеца и ако има нешто, ќе биде минимално. Најчесто, имаме група на граѓани кои доаѓаат на стоматолог само кога ќе им се јави поголема болка, веќе во краен случај. Веќе помладите генерации почнуваат повеќе да обрнуваат внимание на оралната хигиена, затоа што се грижат за својата естетика“, истакна

Праксата покажува дека и при болка луѓето знаат да одбегнат да посетат стоматолог и за тоа се одлучуваат само во краен случај. Токму ваквата негрижа може да доведе и до посериозни компликации кај луѓето, затоа што оралниот дел од организмот е целосно поврзан со другите делови. Иако се ретки, комоликациите се можни, вели д-р Кашуба.

„Имаме најчесто пациенти кои доаѓаат во ординацијата со болка и сите доаѓаат со истата приказна дека мислеле оти ќе прекине да боли, затоа не сакале да дојдат порано. Но нешто треба да остане како мисла за сите луѓе дека заб ако почне да боли, мора да одиш во ординација. Само нема да помине“, додава

Здравата уста не само што овозможува здрав организам, туку ја зголемува и социјалната интеракција и промовира самобит, од друга страна, пак, нездравата уста може да доведе до социјална изолација заради чувството на срам поради забите и перцепцијата на луѓето за нивното орално здравје. Оралните болести, а посебно оние кои се однесуваат на расипување на забите, односно забен кариес се застапени кај 3,9 милијарди луѓе ширум светот или 44%, што претставува речиси половина од светската популација.

Ребека Спасова М-Нет