
Граѓаните со високо образование чекаат да бидат вработени во областа за која им е земена дипломата, токму затоа бројот на невработени во Македонија е висок, а невработените ниту се јавуваат на оглас за вработување, ниту пак за преквалификација, истакна Ангел Димитров. Вели дека еден од најголемите проблеми со кој моментанло се соочува државата е недостигот на кадар.
„Факт е дека во Македонија сѐ уште стапката на невработеност е голема. Но, тие невработени не сакаат да се јавуваат на огласите за слободни работни места, а од друга страна и покрај напорите на Владата не се јавуваат ниту за преквалификација.“ – вели Димитров.
Бангладеш, Пакистан, Филипини, Индонезија се држави кои имаат плата трипати пониска од нашата и таму може да се преговара, дециден е Димитров. Вели дека во Свети Николе веќе се преговарало за да се увезат работници од Непал, кој веќе имаат искуство со машини за шиење.
„Работници од Непал, има доволно заинтересирани луѓе кои имаат искуство веќе со машини за шиење, но сигурно веќе е разговарано и со други држави. Како што реков ако тоа не го направиме со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а Буџетот ќе остане без пари. Држават уште сега треба да се спреми ако тоа не се направи да се намали и бројот на пратеници и број на министри“ – додава Димитров.
Димитров вели дека не само платата има доста причини поради кои младите заминуваат од државата, а со тоа се чувствува недостигот на вработен кадар.
Лаура Стојанова М-Нет