
Со зголемени финасиски средства за разлика од претходната година Општина Виница ја избра фирмата која ќе врши заловување и хумано третирање на бездомните кучиња. Фирмата е од Виница, а веќе граѓани имаат можност да пријавуваат, за да се излезе на терен и да се реагира. Градоначалникот Миле Петков во телефонски разговор за М-Нет телевизија вели дека до сега се извршени две заловувања, а акциите продолжуваат и во иднина.
„Ние во планот за јавни набавки за 2023 година предвидовме ангажирање на фирма за заловување на кучињата скитници. Јавната објава беше извршена, изберена е фирма изведувач и веќе е склучен договор. За разлика од лани оваа година се зголемени финансиските средства и веднаш по склучувањето на договорот се извршени две акции за заловување на кучиња скитници.“ – вели Петков.
За разлика од останатите општини, Општина Виница во претходните две години нема извршено уплата на средства кон граѓани кои биле каснати од страна на бездомно куче. Ниту претходната ниту оваа година пријави од граѓани нема.
„За заловување оваа година беа предвидени 350 илјади денари, во овие две акции се заловени девет кучиња. До сега немаме пријава од граѓани и немам е извршено плаќање, ниту за 2022 година, ниту до сега“ – додава Петков.
Петков посочи дека на овој проблем се реагирало и до сега, а сега со зголемената финасиска сума се очекува да се намаи бројот на бездомни кучиња по улиците во Виница.
Лаира Стојанова М-Нет