
Велазерими и Новаци одиграа пријателски меч кој заврши со триумф за домашниот тим од Кичево со резултат од 2:1.
Двоен стрелец за Велазерими беше Осман Исмаили, а пак за гостите единствен стрелец беше Христијан Крклински.
Новаци беше слободен овој викенд во рамки на Трета лига – Југозапад, а пак Велазерими се подготвува за пролетниот старт во Трета лига – Запад.

