
Локомотива Пехчево и официјално службено го доби мечот со Беласица од 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Комисијата за натпревари на ФФМ службено го регистрираше натпреварот со резултат 3:0 за домашната екипа, односно за екипата на Локомотива Пехчево, која добива и службени три бода, со кои сега има вкупно 16 бодови и се наоѓа на 12-тото местоа во тешката битка за опстанок.
„Натпреварот не се оддигра, поради тоа што гостинската екипа не се појави на теренот во закажаниот термин во 14-00 часот иако беа присутни на теренот, од причина што приавија инцидент пред започнување на натпреварот (физички напад на 2ца официални претставници) – По нивно укажување. Судиите навремено дадоа знак за почеток на натпреварот, од страна на домакините сите услови за отпочнување и одиграње на натпреварот беа исполнети“, се вели во примедбите на делегатот.
Со ваквиот резултат Беласица е на делба на шестото место со 29 бодови, колку што има и Охрид, кој е седми, а пак Локомотива Пехчево е над зоната за испаѓање со 20 бодови на 12-тото место.