„Силните жени кои го менуваат светот“ – работилница за Осми март во штипската библиотека

Штипската библиотека со работилница на тема „Моја инспирација – силните жени кои го менуваат светот“ го одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Во настанот учество зедоа ученици од основните и средните училишта во Штип, кои преку свои изработки дадоа придонес во одбележувањето и вреднувањето на жената.

„По тој повод нашето училиште од каде што доаѓам, ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, се вклучува во активноста во рамките на Градската библиотека под мотото „Моја инспирација – силните жени кои го менуваат светот“. По денешниов повод нашите ученици изработија проекти во електронска форма и на хамери, кои ќе бидат презентирани на денешната работилница и со тоа ќе се потенцира значењето на жената. Секако дека значењето на жената во општеството не треба да биде потенцирано само еден ден во годината, напротив секој ден во годината треба да се дава поголемо значење на жената, бидејќи таа е битна алка во целокупното општествено дејствување.

Професорката Стојанова-Ристова посочи дека преку вакви настани значењето на жената се потенцира. Историјата покажува дека жената во голема мера се изборила за своите права, со што е рамо до рамо со мажот, но случајот не е таков секаде и борбата сѐ уште трае.

Ребека Спасова М-Нет