Заловени неколку бездомни кучиња во населба Леваци и во центарот на Штип

Прдолжуваат акциите за заловување на бездомни кучиња на територијата на Општина Штип. Денеска се заловуваше во населба Блок 70, како и во централното градско подрачје по пртходна пријава од граѓани. Кучињата хумано се третираат понатму и се нудат на вдомување. Ваквите акции се спороведуваат секоја недела, на различна локација.

„Веќе залиовивме две кучиња, а ќе заловуваме и во центраот каде што имаше еден немил настан минатата недела, кога беше укасан еден наш сограѓанин. Централното градско подрачје и секаде во населбите каде имаме пријави редовно секоја недела се заловуваат бездомните кучиња се третираат во прифатилиштето на Тодор Велков во Куманово. По завршениот третман лабораторските испитувања, кастрација, тест за социјализација, здравите кучиња се нудат на вдомување и ако не се вдомат во рок од 30 дена се враќаат на местото на заловување со видливо обележани ушни маркици.“ – вели Горгиевски.

До сега за период нешто повеќе од половина година заловени се над 100 бездомни кучиња во Штип, од кои над 20 веќе се вдомени. Во просек во секоја акција се заловуваат по пет до шест кучиња кои панатму хумано се третираат.

„Минатата година по годишниот извештај од месец август кога почнавме да заловуваме беа заловени 88 кучиња. Оваа година ова е веќе трета акција, во просек од акција се ловат по пет до шест кучиња. Знаци оваа година околу 15 кучиња. Во активноста за вдомување на кучињата имаме помош од невладините здруженија кои ги објавуваат кучињата на нивните социјални мрежи. Минатата година вдмоивме над 20 кучиња од тие 88 заловени и оваа година имаме две до три вдомни кучиња“ – додава Горгиевски.

При секое излегување на терен има преставник од невладните здруженија. Денеска конкретно на терен беа со здружението за заштита на животните „Спаси живот“ од Штип кои ги лоцираат кучињата а помош нудат и во заловувањето на истите.

Лаура Стојанова М-Нет