
Овој месец треба дa зaврши тендерската постапка, а во наредните да се пристапи кон реконструкција на улицата „Радански пат“ во Штип. Градоначалникот, Иван Јопрданов, истакна дека најпрво ќе се пристапи кон реконструкција на крак од оваа улица кој никогаш до сега не бил асфалтиран, а потоа и кон целосна реконстукција на оваа улица. Ова беше ветено кон крајот на минатата година, откако граѓаните реагираа на нејзината лоша, очајна состојба.
„Работиме и на реализација на оваа улица, најпрво би се завршил кракот кој исто се наоѓа на улица Радански пат, кој никогаш до сега не бил асфалтиран, за да го спречиме свлечувањето на кал и земја на главната улица „Радански пат“ а потоа да направиме реконструкција и на целиот потег кој се наоѓа таму.“ – вели Јорданов.
Дестици улици, конзоли на река Отиња, уредување на паркови со детски и спортски реквизити во повеќе населби во Штип се дел од проектите со кои ќе започне пролетната градежна офанзива.
„Започнување на изградба на мини катни гаражи, очекува да започне со работа коинто, во тендер за набавка се новите автобуси.“
Со овие прокети ќе се урабанизира и модернизира како централното градско подрачје во Штип така и останатите населби. Оваа година нов лик со фонтана ќе добие плоштадот Слобода, а ќе се изгради и нов мост на река Отиња.
Лаура Стојанова М-Нет