
Намален бројот на живородени дена и бројот на умрени лица во четвртото тримесечје од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во овој период живородени се 4.427 деца, а во споредба со истиот период од 2021 година бројот е намален за 4.7%. Бројот на умрени лица, пак, во овој период бележи намалување од 26.8% во споредба со истото тримесечје претходната година, односно бројот на умрени е 5.043, од кои девет се умрени доенчиња. Според овие бројки, бројот на живородени лица е за 616 помал од бројот на умрени лица, што го претставува природниот пораст.
Во ова тримесечје од годината склучени се 2 762 бракови и нивниот број е намален за 2.0% во споредба со истиот период од 2021 година. Намален е и бројот на разведени бракови, односно во 2022 година, во четвртото тримесечје, имало 339 извештаи за разведени бракови, што е намалување од 39.1%.
Ребека Спасова М-Нет