
Македонските репрезентативец Александар Трајковски се најде во тимот на колото во Саудиска Арабија. Македонскиот напаѓач беше единствен стрелец за Ал Фејха во ремито против Ал Тавон на гостински терен, кое заврши со по еден гол во мрежата (1:1).
Трајковски одигра одличен меч и беше заслужен за бодот на неговата екипа, а тоа му донесе место во тимот на колото. Во тимот на колото беше и фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо. Португалецот на овој меч постигна хет-трик за 25 минути во првото полувреме, што е прв хет-трик во прво полувреме за еден играч кој играл во најдобрата лига.