
Развојот на децата е многу важен, особено во предучилишната возраст, заради тоа што од овде се поставуваат темелите на образованието на децата. Искуството покажало дека пресудно за да се открие раниот талент кај децата од најмала возраст е обученоста на вработените во детските градинки, како и условите во установите.
„Сметам дека треба повеќе услови за да се открие талентот кај тие деца, но ние работиме со исклучително квалитетен кадар во градинките коишто навистина преку презентации кои ги имавме изминатиот период се откриваат и се детектираат тие деца, ама треба и од страна на државата. Сепак мислам дека пресудно овде е компетенцијата на вработените и условите во градинките.“ – вели Темелкова.
Преку игра и разговор најлесно децата се детектираат и се впишуваат во групата на деца со разни таленти. Ама честопати случај е и да се прави грешка во самата детекција. Понатамошен разговор со родителите, но и стручни служби, логопеди и дефектолози се од огромно занчење за развој на децата во вистинска насока.
„Во однос на искуството досега, децата се детектираат, се разговара со родители, се упатуваат. Се случува кај некои деца да се донесе погрешна констатација дека тоа е аутизам, но тоа не е аутизам, туку едноставно на детето не му се привлекува вниманието и затоа овде веќе се разговара со родители, се упатуваат во други институции, може имаат потешкотии во развојот на говорот, но тоа не значи дека детето има аутизам и дека тоа е пречка за неговиот развој. Со логопеди, дефектолози, психолози со стручна служба се работи и понатаму се упатуваат во институциите каде ќе се дијагностицира кој е проблемот, дали е проблем или развој“ – додава Темелкова.
Според Темелкова најголемо значење има обученоста на кадарот и опременоста на детските градинки, но и надоградбата со цел децата да може да го откријат својот талент навреме и да го негуваат истиот.
Лаура Стојанова М-Нет