Прва соларна централа на културна институција, Центарот за култура во Штип добива „Енергетски ХАБ“

„Енегетски ХАБ“ е проектот преку кој штипскиот Центар за култура ќе ја има првата сончева централа на кров. Станува збор за проект којшто ќе го изведува приватен инвеститор, кој ќе има обврска да го санира кровот на објектот, а потоа ќе ги постави панелите за првата сончева централа на културна институција.

-Согледувајки ги состојбите овие две години како директор во Нуцк„Ацо Шопов“ Штип и неговата положба и проблемите со кој се соочувал во минатото и денес, а имајки ја предвид националната стратегијата на министерството за култура, а со цел каде сакаме да го гледаме нашиот центар во иднина или следните 40 години, потребата од модернизација на условите за работа, какпацитетитe и воедно повиски стандарди, по една година работа истражување и подготовки веќе имаме јасна слика од каде да тргнеме и како да ги досигнеме овие цели“, вели директорот, Горан Трајков.

Првата соларна централа ќе биде со инсталирана моќност од 220 – 290 киловати на час, но со можност за понатамошно надоградување. Со поставувањето на истата, Центарот ќе добие соларна централна за сопствени потреби, а бенефитите се и со санирањето на кровната конструкција и приходите од закуп.

„Обезбедено ќе е вложување од приближно 200.000,00 евра од страна приватниот инвеститор. Обезбедени ќе се континуирани приходи од закуп на кровната површина во следните 25 години, со што ќе се пренаменуваат во иднина во подобрување на условите од Центарот за култура. Обезбедена е соларна централа од 40 kwh инсталирана моќност за сопствени потреби со што ќе доведе да можеме да имаме помали сметки за струја и подобри услови при следењето и создавањето на културните настани“, рече Трајков.

Во делот на екологијата и животната средина ќе се придонесе за намалување од два до пет тони јаглерод диоксид, „Енергетскиот ХАБ“ ќе генерира приходи и даноци во Општината и државата, а и ќе поттикне отворање нови работни места. Градежните активности ќе започнат во месец март, а производството на енергија се очекува да започне во октомври.

Ребека Спасова М-Нет